ППД Загреб извади реми, ПСЖ го прегази Динамо во Букурешт

136

ППД Загреб успеа да се избори за големо реми на мечот со Висла Плоцк во рамките на 5. коло од Лигата на шампионите. Вечерва во Загреб, Полјаците имаа константна предност од еден до два гола разлика, но упорните загрепчани на крајот успеаја да дојдат до реми и да стигнат до три бода во досегашниот дел од натпреварите во групната фаза. Дибиров со 6 гола беше најефикасен кај домашните.

Ракометарите на ПСЖ дојдоа до убедлива победа на гостувањето во Букурешт против Динамо со 36:29. Домашните иако имаа пеколна поддршка од трибините, не успеаја да дојдат до подобар резултат против големиот фаворит. Пранди со 9 гола беше најефикасен кај ПСЖ, а Сипчак постигна 6.

Во дуелот на двата тима кои досега беа без победа, ПИК Сегед славеше над Елверум со 30:23 и ја прокнижа првата сезонска победа. До триумфот, ПИК Сегед го предводеше Тонесен со 7 реализации.

ПретходноМеси сруши уште еден рекорд, овојпат на Пеле
СледноЛШ: Интер ја „расплака“ Барселона и завери осминафинале (ВИДЕО)