Кристијано Роналдо е вратен во тимот на Манчестер Јунајтед. Тој ќе биде во комбинација за следниот дуел на тимот во рамките од Лигата на Европа, против екипата на Шериф Тираспол. Ова го потврди самиот менаџер на тимот Ерик Тен Хаг.
„Да, потврдувам дека Кристијано Роналдо е вратен во тимот. Беше во „аут“ за еден натпревар, и сега е пак на тренинг. Мислам дека е доволно коментирана таа тема, ги одговорив сите прашања поврзани со него и мислам дека е доволно“ – изјави Тен Хаг.
Како што е познато, Роналдо одби да влезе во игра на дуелот против Тотенхем од клупата и беше суспендиран. На Јунајтед му е важна победа над Шериф во четврток до 21:00 часот на Олд Трафорд, затоа што заостанува зад лидерот на групата Реал Сосиедад.