Јувентус е елиминиран од Лигата на шампиони, откако беше поразен од Бенфика со 4-3 на едно коло до крајот на групната фаза. Италијанскиот тим има три бода исто колку и Макаби, па на следниот меч ќе биде познато кој ќе го оди во Европската лига.
Сезоната за Јувентус е лоша во секоја смисла, а за да работите бидат уште полоша, вчера во Лисабон се повреди Душан Влаховиќ. Српскиот фудбалер излезе во 70 минута, според информациите ќе мора да паузира, почувствувал болка во бутот.
Детални информации ќе бидат познати по лекарските прегледи, но тамошните медиуми тврдат дека ќе биде подготвен за Светското првенство. Сепак најмногу стравуваат Србите кои пишуваат дека фотографијата од клупата не делува охрабрувачки.