Од денеска па до 29 октомври, во Скопје тимот на Шкупи ќе игра во Футсал главната рунда во Лигата на Шампионите. Нашиот првак за ривали во групата 8 ги има екипите на Хрудим (Чешка), Диферданж (Луксембург) и Лученец (Словачка).
Играат секој со секого во малата сала во СЦ “Јане Сандански“ во Скопје, а само првиот ќе оди натаму, во следната фаза. Секако Шкупи со поддршка од страна на своите фанови си ја гледа својата шанса иако ривалите се за респект.
Вечерва од 20 часот, Шкупи против Хрудим ќе го одигра првиот меч.
РАСПОРЕД – ГРУПА 8
СРЕДА
ХРУДИМ – ЛУЧЕНЕЦ (17:00 Ч)
ДИФЕРДАНЖ – ШКУПИ (20:00 Ч)
ЧЕТВРТОК
ДИФЕРДАНЖ – ХРУДИМ (17:00 Ч)
ШКУПИ – ЛУЧЕНЕЦ (20:00 Ч)
САБОТА
ЛУЧЕНЕЦ – ДИФЕРДАНЖ (17:00 Ч)
ШКУПИ – ХРУДИМ (20:00 Ч)