Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, никако да забележи поволен резултат со тимот на Горица во ХНЛ шампионатот.
Предмалку последопласираниот тим во Хрватска, загуби на гостувањето кај Хајдук со 3:1, и дополнително си ја искомплицира и онака очајната ситуација на табелата.
Иако Горица во еден момент имаше и 1:1 во игра, сепак, Марко Ливаја кој и го отвори резултатот, зголеми на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Авазием.
По 14 одиграни кола, Горица е последна со 6 освоени бодови.