Крилниот фудбалер на Интер, Робин Госенс, во јануари најверојатно ќе оди на позајмица. „нероаѕурите“ наводно размислуваат и за негова продажба во случај на добра понуда за Германецот.
Новинарот Даниеле Лонго тврди дека Баер Леверкузен е сериозно заинтересиран за Госенс за кого ќе понуди добра сума во јануари за да го добие најпрво на позајмица, а потоа и со опција за откуп на неговиот договор.
Госенс е искушуван од идејата да се пресели во татковината по неуспешниот старт на кариерата во Милано.