ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Баерн (М) дели лекции на „Камп Ноу“, Баер (Л) го „делка“ Атлетико (М) (ВИДЕО)

72

Индиспонираната Барселона која веќе нема шанси за осминафинале во Лигата на шампионите, со два гола во својата мрежа го заврши првото полувреме на својот стадион против Баерн (М). Германскиот првак со одлична партија и со головите на Мане и Чупо-Мотинг покажа дека е подготвен со максимални 18 бода да го заврши групниот дел од ЛШ.

 

 

Мохамед Салах на 3 минути пред крајот на полувремето го донесе Ливерпул во водство во Амстердам кај Ајакс со 1:0, додека Наполи експресно со двата гола на Џовани Симеоне до 16. минута веќе обезбеди водство од 2:0 против екипата на Ренџерс.

 

Изненадувачки, Баер (Л) води на полувреме кај Атлетико (М) со 2:1, додека Спортинг со еден прекрасен гол на Едвардс има предност во Лондон против Тотенхем од 1:0.

Ајнтрахт во Франкфурт на полувреме води против Олимпик (М) со 2:1.

ПретходноШкупи убедливо поразен на стартот на главната рунда во Лигата на шампионите
СледноДобра вест: Алер го победи туморот и се врати на тренинзите на Борусија (Д)