Во нашиот главен град овој викенд ќе се одржи меѓународниот ватерполо турнир Скопје 2022 година. Домаќин на истиот е клубот Вардар Ветерани, а местото на одржување е во базенот „Борис Трајковски“ на 28 и 29 овој месец.
На овој тирнир учество ќе земат ветеранските екипи на Макарска од Р. Хрватска, Јадран Херцег Нови и Будва од Црна Гора, екипата на Београд Р. Србија, како и домаќинот Вардар кој ќе настапи со две екипи.
Екипата на Јадран Херцег Нови е актуелен Европски првак, од последното официјално Европско Првенство за ветерани, одржано оваа година во Рим, Италија, во прганизација на европската федерација ЛЕН.
Турнирот веќе прераснува во традиција и се организира секоја година, се со цел афирмација на ватерполото кај младите, како и дружба и стекнување пријателства помеѓу љубителите на ватерполото од целиот регион.
Натпреварите ќе се играат во петок 28.10 од 13:00 до 16:30, додека во сабота од 15:00 до 19:30 часот.