ППД Загреб успеа да се избори за големо реми на мечот со Висла Плоцк во рамките на 5. коло од Лигата на шампионите. Вечерва во Загреб, Полјаците имаа константна предност од еден до два гола разлика, но упорните загрепчани на крајот успеаја да дојдат до реми и да стигнат до три бода во досегашниот дел од натпреварите во групната фаза. Дибиров со 6 гола беше најефикасен кај домашните.
Ракометарите на ПСЖ дојдоа до убедлива победа на гостувањето во Букурешт против Динамо со 36:29. Домашните иако имаа пеколна поддршка од трибините, не успеаја да дојдат до подобар резултат против големиот фаворит. Пранди со 9 гола беше најефикасен кај ПСЖ, а Сипчак постигна 6.
Во дуелот на двата тима кои досега беа без победа, ПИК Сегед славеше над Елверум со 30:23 и ја прокнижа првата сезонска победа. До триумфот, ПИК Сегед го предводеше Тонесен со 7 реализации.