Кога се има пари, а сега во Работнички тоа не би требало да има проблем со оглед на спонзорите кои “влегоа““ во клубот а и по најавите дека ќе има уште, тогаш секако дека на ред е засилување на ростерот на нашиот најтрофеен кошаркарски колектив. Нема што, Работнички се буди.
Па така Пол Џексон, кој минатата сезона беше дел од тимот на Работнички, сега одново ќе става потпис. Американскиот бек одново теба да биде еден од главните играчи на Работнички.
Вториот е крилото Камерон Форте, кој ќе дебитира во нашиот шампионат а доаѓа од првенството на Мексико.
Се очекува и двајцата набргу да го имаат својот настап за тимот од Градски парк.