Вистинска драма се случуваше синоќа во последните секунди на мечот меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен, откако Јаник Караско промаши пенал во 99. минута за да ги задржи Шпанците во трка за осминафиналето.
Драмата почна откако францускиот судија Клемен Турпин најпрво покажа крај на натпреварот, а потоа доби повик од ВАР собата да ја разгледа ситуацијата за игра со рака во шеснаесетникот на Баер (Л) и да покаже на белата точка.
По по прегледувањето на снимката, францускиот судија реши да ја смени одлуката да го прекине натпреварот и да досуди пенал за Атлетико, со тоа што натпреварот повторно се врати и покрај протеститена фудбалерите на Баер Леверкузен.
Караско имаше шанса да биде херој на „јорганџиите“, но неговиот пенал го одбрани голманот на Леверкузен, Лукас Храдецки. Топката се врати до Саул Нигез, кој потоа со глава ја погоди гредата.
Неверојатно, топката се врати во и третпат во игра, но ударот на Реинилдо Мандава беше блокиран од дефанзивец на Леверкузен и отиде во корнер, по што Атлетико и официјално остана без шанси за нокаут фазата.
THIS IS HOW ATLETICO MADRID JUST GOT ELIMINATED FROM THE CHAMPIONS LEAGUE🤯pic.twitter.com/qdHGzLxYib
— PointsBet Sportsbook (@PointsBetUSA) October 26, 2022