Викендов се играат сите мечеви од 10.коло во ВМФЛ. Секако дека во преден план е супер – дербито меѓу Вардар и Воска Спорт, кое се игра во сабота од 14 часот на стадионот на Автокоманда во Скопје. Се среќаваат вториот и првиот на табелата, а овој меч ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.
Дуелот во Гевгелија каде ќе играат Кожуф и Гостивар ќе го суди Димитар Пилешков од Штип
ДВОЈКИ И СУДИИ – САБОТА (14:00 Ч)
Пелистер – Беласица: Игор Иванов (Велес)
Вардар – Воска Спорт: Александар Ставрев (Скопје)
Кожуф – Гостивар: Димитар Пилешков (Штип)
Арсими – Беса: Пларент Салихи (Тетово)
Охрид – Саса: Бењамин Ќерими (Скопје)
Детонит Плачковица – Пехчево: Марјан Стојановски (Кичево)
Борец – Караорман: Кирил Смоковски (Прилеп)
НЕДЕЛА, 13:00 Ч
Тетекс – Слога (В): Дени Лековски (Битола)