Тимот на ПСВ Ајндховен е казнет од страна на УЕФА со забраната напродавање билети за последниот меч од групната фаза од Лигата на Европа против тимот на Бодо, поради нередите кои неговите навивачи ги направија при гостувањето во Лондон кај Арсенал. Плус, го задолжи клубот да плати 40.000 евра како надокнада за штетата направена на стадионот односно искршените столчиња.
Мечот требаше да се одигра на 15 септември но поради смртта на Кралицата Елизабета истиот беше одложен за 20 октомври. Арсенал победи со 1:0. Вечерва пак токму овие два тима играат во Холандија, од 18:45 часот.