Поранешниот прв човек на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, наводно е дел од групата која сака да го купи НБА тимот, Феникс Санс.
Сопственикот на Санс, Роберт Сарвер, по низата скандали е приморан да ја стави фрашизата на продажба, а информациите велат дека најсериозен кандидат да стае нов сопственик на тимот е корпорација в која е и екс-претседателот на САД, Обама.
Познатиот НБА кошаркар, а сега еден од најпознатите кошаркарски консултанти во Америка, Чарлс Баркли откри во подкаст дека една група која доставила понуда за Санс е предводена од Барак Обама.
„Слушнав дека Обама е во една од групите кои даваат понуди и тој е еден од оние луѓе за кои верувам дека сите би сакале да бидат на чело на франшизата. Ако Обама ме повика и побара од мене да бидам дел од сопственичката структура на тимот, секако дека ќе се согласам. Многу го сакам и му се восхитувам на тој човек“, рече Баркли.