Откако синоќа во епска драма Атлетико Мадрид не успеа да се пласира во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите и откако во последните две сезони не му оди баш најдобро во Ла Лига, логично се поставува прашањето дали тренерот ќе добие отказ или самиот ќе си замине.
А тој, се разбира дека станува збор за Диего Симеоне кој веќе повеќе од една деценија е на клупата на “јорганџиите“ си има свој коментар.
“Моментов е тежок, но оставка не поднесувам. Останувам во Атлетико Мадрид и во иднина ќе го `ловиме` пехарот во ЛШ. Јас сум тврдоглав и немам намера да си одам додека конечно не го освоиме најпосакуваниот пехар на клупски план“ посочи стратегот од Аргентина.
Да потсетиме дела Атлетико Мадрид со Симеоне во последната деценија во два наврати играше во финалето во ЛШ, во 2014 и 2016, но во двете финалиња губеше од Реал Мадрид.