Калин во топ форма, избори четвртфинале во Грција

69

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше меѓу најдобрите осум на фјучерс турнирот во Ираклион, Грција. Тој во осминафиналето го совлада со 6:3 и 6:1 Марлон Ванкан од Германија и на тој начин се пласираше во следната рунда.

Па така, сега Ивановски ќе има задача да го совлада Јакуб Ницод  од Чешка за да се пласира во полуфиналето и да биде чекор поблиску до титулата и наградата од 15.000 долари.

 

ПретходноМазари: Победа може со секого, ќе покажеме колку вредиме
СледноУЕФА ригорозно го казни ПСВ Ајндховен