Во Лигата на Европа се одиграа дел од натпреварите од 5.коло во групната фаза. Во Групата Б Рен си го задржа првото место на табелата по ремито со Фенербахче со 3:3 и тоа во Истанбул. Фенер губеше со 1:3 но во финишот со головите на Зајц и Емре Мор спасија бод.
Рен и Фенер одат понатаму, бидејќи имаат по 11 бодови, а трет е АЕК Ларнака на Тричковски кој иако имаше водство од 3:1 над Динамо Киев, на крајот освои само бод (3:3).
За Фенер од 46 минута играше Езџан Алиоски, а Тричковски не беше во протоколот за мечот на АЕК.
Малме го доживеа и петтиот пораз во групата, а вечерва изгуби од белгиски Ројал Унион со 0:2. Македонскиот интернационалец Екдал Ракип го одигра второто полувреме.
А Ројал Унион е прв со 13 бода, втор е Унион кој ја совлада Брага со 1:0. Така Германците имаат 9 бода, два повеќе од Брага на едно коло до крајот.
Арсенал си обезбеди пласман во следната фаза уште минатото коло, па можеше да си дозволи пораз на гостувањето кај ПСВ со 2:0. Холанѓаните ги постигнаа двата гола во второто полувреме (Вермен и Лук де Јонг).
Во следната фаза од оваа група одат Арсенал и ПСВ, Бодо/Глимт ќе оди во Лига на конференции, а испаѓа Цирих.
РЕЗУЛТАТИ (5.КОЛО)
ГРУПА Б
АЕК ЛАРНАКА – ДИН.КИЕВ 3:3
ФЕНЕРБАХЧЕ – РЕН 3:3
ТАБЕЛА
1.Рен 11 бода
2. Фенербахче 11
3. АЕК Ларнака 4
4. Дин.Киев 1
ГРУПА Ф
ЛАЦИО – МИТЈИЛАНД 2:1
ФЕЕНОРД – ШТУРМ вечер
ТАБЕЛА
1.Лацио 8 бода
2.Феенорд 5
3. Штурм 5
4. Митјиланд 5
ГРУПА Ц
ЛУДОГОРЕЦ – БЕТИС 0:1
ХЕЛСИНКИ – РОМА вечерва
ТАБЕЛА
1. Бетис 13 бода
2. Лудогорец 7
3. Рома 4
4. Хелсинки 1
ГРУПА Д
МАЛМЕ – РОЈАЛ УНИОН 0:2
УНИОН БЕРЛИН – БРАГА 1:0
ТАБЕЛА
1. Ројал Унион 13
2. Унион Берлин 9
3. Брага 7
4. Малме 0
ГРУПА А
ЦИРИХ – БОДО/ГЛИМТ 2:1
ПСВ – АРСЕНАЛ 2:0
ТАБЕЛА
1. Арсенал 12
2. ПСВ 10
3. Бодо/Глимт 4
4. Цирих 3