ЛК: Мечот Словачко-Келн траеше само 6 минути, Партизан поразен во Ница

370

Екипата на Партизан доживеа пораз со 2:1 на гостувањето кај Ница во рамките на 5.коло на Лигата на конференции. Никола Пепе ја доведе Ница во водство во 29. минута, изедначи Гомеш во 74 минута додека веднаш потоа Лемина ја врати предноста на францускиот тим воедно и победата.
Ница и Партизан сега имаат по 8 бода на чело на табелата, а во оваа група играат Словачко и Келн. Нивниот дуел во Ухерске Храдиште беше прекинат поради густа магла поради која беше намалена видливоста на теренот.
Официјалните лица одлучија да го прекинат мечот. Официјално мечот ќе се доигра утре (петок) со почеток од 13 часот.

РЕЗУЛТАТИ
АНДЕРЛЕХТ – ФЦСБ 2:2
АВСТРИЈА ВИЕНА – ЛЕХ 1:1
ФИОРЕНТИНА – БАШАКШЕХИР 2:1
НИЦА – ПАРТИЗАН 2:1
СЛОВАЧКО – КЕЛН откажан
ВАДУЦ – АЗ АЛКМАР 1:2
ВИЉАРЕАЛ – ХАПОЕЛ Б.Ш. 2:2

 

 

 

ПретходноЛЕ: Арсенал го доживеа првиот пораз, Фенер и Алиоски се вратија по негатива од 1:3 (видео)
СледноПабло Мари избоден со нож во напад во супермаркет во Милано