Мазари: Победа може со секого, ќе покажеме колку вредиме

899

Тимот на Победа е тамата по вчерашното вонредно коло во ПМФЛ шампионатот. Триумф на домашен терен против лидерот на домашниот шампионат, тимот на Струга Трим Лум со 2:0 и прво излегување од опасната зона на табелата.

Херојот на овој дуел, напаѓачот на прилепчани, Атхе Мазари за Спортмедиа вели дека е презадоволен од исходот од головите и од начинот на кој се одвиваше овој дуел. „
„Секако дека сум презадоволен од головите и од победата. Сепак, најбитни се трите бода, одличната игра, и добрата атмосфера која ја имаме во тимот по овој триумф. Мислам дека заслужено победивме, затоа што пред се повеќе ја посакувавме победата. Победа е тим кој е составен тим од млади играчи и мислам дека во најважниот дел од сезоната влегуваме во формата која ја посакуваме. Со ова покажавме дека можеме да се надигруваме со секого“ – вели Мазари за Спортмедиа.

 

ПретходноМилевски денеска на Црвена Звезда – Трабзон, во живо ќе го следи Енис Барди
СледноКалин во топ форма, избори четвртфинале во Грција