Ансу Фати, мега – талентот на Барселона и светскиот фудбал, барем според најавите од неговуиот менаџер Жорге Мендеш, сакал да си замине од “Камп Ноу“. Имено тој не е среќен во тимот на Барса откако на клупата е Чави, според него не добивал минутажа каква што заслужува.
Мендеш добил налог во јуни да му пронајде нов клуб на Фати, но дали ќе биде така едноставно за младиот офанзивец ако се знае дека клубот што ќе посака да го доведе во своите редови ќе мора на Барса да и плат обештетување во вредност од една милијарда евра.
Имено толкава е откупната клаузула ако се знае дека Фати има договор со каталонскиот гигант до 2027 година.