Мексико ја достави официјалната кандидатура за организатор на Летните олимписки игри во 2036 година, објавија во заедничка изјава Министерството за надворешни работи на земјата и Мексиканскиот олимписки комитет (КОМ).
Министерот за надворешни работи, Марсело Ебрард, рече дека ќе го објави Комитетот за промоција на игрите на 30 ноември како прв чекор во процесот.
„Се гледаме себеси како успешна и амбициозна земја. Ние сме единствената земја домаќин на три Светски првенства на ФИФА, ние сме силна земја со една од најдобрите економии во светот“, изјави Ебррад за новинарите.
Мексико Сити беше домаќин на Олимпијадата во 1968 година.