Милевски денеска на Црвена Звезда – Трабзон, во живо ќе го следи Енис Барди

604

нСелекторот на Македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска во Белград ќе го следи во живот дуелот од Лигата на Европа, помеѓу домаќинот Црвена Звезда и турскиот Трабзонспор за кого ќе настапи нашиот Енис Барди.

Селекторот очигледно сака во живо да се увери во моменталната форма на играчот за врска кој во континуитет е еден од најважните поединци на нашиот национален тим години наназад.

Неговата форма во моментов нас ни е многу важна, особено поради фактот што Аријан Адеми се помалку се појавува на репрезентативните собири пред се поради замор.

 

ПретходноСудии за ВМФЛ – 10.коло: Ставрев ќе му суди на Вардар на супер – дербито со Воска!
СледноМазари: Победа може со секого, ќе покажеме колку вредиме