Фудбалерите, стручниот штаб и челниците на Порто заедно во авион го следеа крајот на натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен, при што дознаа дека уште еднаш влегоа во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Тренерот Серхио Консеисо ги прегрна соиграчите, а играчите скокаа и славеа по неверојатната драма која им донесе место меѓу 16-те најдобри.
Во вечерта во која во преден план беа судиите, Порто на стадионот „Жан Брејдел“ го скрши Бриж со 4:0, во мечот на две екипи кои се пласираа во следната рунда. Последен пат Порто беше таму пролетта 2021 година, кога играа во четвртфиналето против Челзи, откако претходно го елиминираа Јувентус.
The Porto squad celebrate after seeing Atlético miss that 99th minute penalty, which meant they qualified for the last 16 of the Champions League. pic.twitter.com/4aF5xhxd24
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 26, 2022