По се изгледа дека Ерик Тен Хаг има намера и тоа како да направи чистка во Манчестер Јунајтед. Холандскиот стратег прво го зеде на “пик“ Хари Мегваер, а сега води “војна“ со Кристијано Роналдо.
Сепак и Давид де Хеа не е сигурен дека ќе потпише нов договор и дека ќе остане на “Олд Трафорд“ и следната сезона. Шпанецот се сложил и за намалување на платата, сега зема 375.000 фунти неделно, но сепак Тен Хаг не е убеден во неговите квалитети.
Според шпекулациите тој во своите редови го посакува Диого Коста од Порто или Унаи Симон од Атлетико Билбао. Исто така го преферирал и Џордан Пикфорд од Евертон кој воедно е и репрезентативец на Англија.