Шалке има нов тренер, кој претходно доби отказ од Бохум

67

Томас Рајс се согласил да стане нов тренер на Шалке 04, објави Скај Германија.

49-годишниот стратег ќе го замени Франк Крамер и ќе се обиде да го извлече тимот од Гелзенкирхен од последното место во Бундеслигата. Томас Рајс претходно работеше во Бохум, со кој ја освои Втората Бундес лига 2020/21. По катастрофалниот почеток на сезоната 2022/23 тој беше отпуштен од неговата позиција како главен тренер.

Пред една недела Шалке се раздели со Крамер, а вчера клубот го објави и заминувањето на спортскиот директор Рувен Шредер. Тимот од Гелзенкирхен се наоѓа на последното, 18. место во Бундеслигата со 6 бода во 11 натпревари.

ПретходноШампионките ја остварија и третата победа, денеска градско дерби во Струмица
СледноФФМ поставува рефлектори според УЕФА стандардите