Шампионките ја остварија и третата победа, денеска градско дерби во Струмица

100

Шампионот Работнички ја оствари и третата победа на стартот на сезоната во домашниот одбојкарски шампионат. Синоќа во првиот меч од третата рунда, без поголеми проблеми, шампионките славеа против екипата на Вардар со 3:0.

Со овој меч, практично, стартуваше новата рунда која ќе биде комплетирана денеска. Вечерва не очекува уште едно дерби, овој пат она градско дерби во Струмица меѓу екипите на Наковски Волеј и Струмица.

Денеска дерби има и во Скопје, каде Јанта волеј се среќава со Фит фан волеј, две екипи кои почнаа со по две победи во новата сезона.

Прва лига (жени), 3 .коло

Вардар жени – Работнички Скопје 0:3 (16:25 19:25, 16:25)

Јанта волеј КВ – Фит фан волеј (четврток, 16.30)

Наковски волеј – Струмица жени (четврток, 17.00)

Македонија Макс – Вардар ЕМ (четврток, 20.30)

ПретходноСудиска анализа: Добри судиски проценки на спорните ситуации
СледноШалке има нов тренер, кој претходно доби отказ од Бохум