Алтипармаковски си замина од Брегалница

456

Како што се објавува во официјалното соопштение на клубот, ФК Брегалница денеска го раскина договорот со нејзиниот досегашен играч Марјан Алтипармаковски. Искусниот напаѓач како што се наведува во соопштението си заминува од Штип поради лични причини.

„И покрај тоа што нашата искрена желба беше да го задржиме, сепак со оглед на фактот дека се работи за максимално коректен фудбалер кој дада сериозен придонес за развојот на тимот изминативе години одлучивме да излеземе во пресрет. Од лични причини Алтипармаковски побара предвреме да го заврши договорот, а Брегалница му посакува успех во сите идни планови и кариера“ – велат од ФК Брегалница

31-годишниот Марјан Алтипармаковски одигра 40 официјални натпревари за Брегалница во Првата македонска фудбалска лига постигнувајќи и 11 погодоци.

ПретходноСудии за ПМФЛ – 13.коло: Трпчевски на “центарот“ во Кратово, Качевски во Струмица
СледноСудии за ВМФЛ – 10.коло: Ставрев ќе му суди на Вардар на супер – дербито со Воска!