ЛЕ: Звезда го победи Трабзон на Барди, Роналдо стрелец во победата на Јунајтед (видео)

403

Црвена Звезда ја оствари втората победа во групата на Лигата на Европа по победата над Трабзонспор со 2:1 во Белград во 5.коло. „Црвено-белите“ поведоа со голот на Александар Катаи во 37 минута, а Бакасетас изедначи две минути подоцна од слободен удар.
Победничкиот гол за Звезда го даде Александар Пешиќ. Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер за Трабзон и играше до 83 минута.
Во оваа група Ференцварош и Монако одиграа 1:1. Па прв е Ференцварош со 10 бода, Монако има 7, Трабзон и Звезда имаат по 6.
Манчестер Јунајтед го совлада молдавскиот првак Шериф со 3:0, а стрелец на третиот гол беше Кристијано Роналдо. Португалецот беше изоставен од првиот тим неколку дена, па вратен и вечерва беше стартер.


Во оваа група Сосиедад има максимални 15 бода (вечерва ја победи Омонија со 2:0) додека Јунајтед е втор со 12 бода. Тие патуваат понатаму, Шериф има 3 бода, а Омонија е без бодови.

РЕЗУЛТАТИ
Ц.ЗВЕЗДА – ТРАБЗОН 2:1
ФЕРЕНЦВАРОШ – МОНАКО 1:1
ФРАЈБУРГ – ОЛИМПИЈАКОС 1:1
ХЕЛСИНКИ – РОМА 1:2
МАН.ЈУНАЈТЕД – ШЕРИФ 3:0
НАНТ – КАРАБАХ 2:1
ОМОНИЈА – СОСИЕДАД 0:2
ШТУРМ – ФЕЕНОРД 1:0

ПретходноЕвролига: Партизан до втората победа, во Белград падна Жалгирис, а Реал изгуби дома од Виртус
СледноЛК: Спировски одигра 15-тина минути во поразот на Пјуник