Порто го доживеа и четвртиот пораз во четвртиот меч во групата А од ракометната Лига на шампиони. Португалската екипа изгуби од дански ГОГ и тоа со убедлив резултат од 26:33. Порто на полувреме губеше со 10:15 но не успеа да се врати и со пораз го заврши мечот. Македонскиот голман Никола Митревски имаше ужасен меч, како и сите играчи на Порто, затоа што имаше само две одбрани од 13 шутеви на противникот. Ништо подобар не беше ни неговиот конкурент Франдсен кој имаше шест одбрани од 26 обиди на противничките играчи.
РЕЗУЛТАТИ
ЦЕЛЈЕ – ЛОМЗА КЕЛЦЕ 30:33
ВЕСПРЕМ – МАГДЕБУРГ 35:35
НАНТ – КИЛ 38:30
ПОРТО – ГОГ 26:33