Судии за ВМФЛ – 10.коло: Ставрев ќе му суди на Вардар на супер – дербито со Воска!

1082

Викендов се играат сите мечеви од 10.коло во ВМФЛ. Секако дека во преден план е супер – дербито меѓу Вардар и Воска Спорт, кое се игра во сабота од 14 часот на стадионот на Автокоманда во Скопје. Се среќаваат вториот и првиот на табелата, а овој меч ќе го суди Александар Ставрев од Скопје.

Дуелот во Гевгелија каде ќе играат Кожуф и Гостивар ќе го суди Димитар Пилешков од Штип

ДВОЈКИ И СУДИИ – САБОТА (14:00 Ч)

Пелистер – Беласица: Игор Иванов (Велес)

Вардар – Воска Спорт: Александар Ставрев (Скопје)

Кожуф – Гостивар: Димитар Пилешков (Штип)

Арсими – Беса: Пларент Салихи (Тетово)

Охрид – Саса: Бењамин Ќерими (Скопје)

Детонит Плачковица – Пехчево: Марјан Стојановски (Кичево)

Борец – Караорман: Кирил Смоковски (Прилеп)

НЕДЕЛА, 13:00 Ч

Тетекс – Слога (В): Дени Лековски (Битола)

ПретходноАлтипармаковски си замина од Брегалница
СледноМилевски денеска на Црвена Звезда – Трабзон, во живо ќе го следи Енис Барди