И натаму е дебатата кој и како погреши во случајот “Роналдо“ по се она што се случуваше меѓу него и тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг. Секој си иам свој коментар, повеќе сметаат дека Португалецот не смеел така да се однесува и дека нема веќе место за него во тимот.
Сепак така не мисли легендата на Ливерпул, Греам Сунес, некогашниот шкотски репрезентативец, кој во “редси“ беше дел од онаа славна генерација во 80-тите кога тие беа најдобри во светот.
„Видете, за пет години Тен Хаг ќе биде далеку од Манчестер Јунајтед и никој нема да се сеќава на времето кога тој бил тренер на овој тим, сите ќе го заборавата. Додека Роналдо ќе биде запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата“ посочи Сунес.