Кој ако не својот. Веројатно така по мечот си помислија сите во таборот на Струга ТЛ. Имено вчера во Прилеп ги победи нивниот сограѓанин од Струга Атдхе Мазари, нивниот некогашен играч кој сега блеска во дресот на Победа. Прилепските фанови уште еднаш на дело видоа со каков квалитет располага Мазари. Два гола, уште најмалку два зицери, одличен настап против лидерот на табелата.
Од Победа во тимот на колото на “Спортмедиа“ се и Паноски и Тодоров. Силекс славеше на гости кај Работнички, а во тимот на колото се Божиновски, В. Серафимовски и Обадовиќ. Шкупи го победи Тиквеш а во добро издание се прикажаа Младеновски и Алварез. Во тимот на колото се Дориев (Шкендија), Ристевски и Додев (Брегалница).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
АТДХЕ МАЗАРИ
Тим: Победа
Роден: 02.06.2021 во Струга
Кариера: Шкендија, Струга ТЛ, Охрид, Победа