По третпат од стартот на сезоната 2022/23 според „Спортмедиа“ тренер на колото е Бобан Бабунски. Тоа кажува дека Бабунски и тоа како одлично си ја врши својата работа. Тој од овој тим на Победа, кој пред стартот на сезоната беше димензиониран да испадне по кратка постапка од ПМФЛ, успева да го “вади“ и повеќе од максимумот.
Вчера неговиот состав успеа да го победи лидерот Струга Трим Лум со 2:0, но и целосно да го надигра на задоволство на фудбалски Прилеп и фановите на Победа.