Шампионот Работнички ја оствари и третата победа на стартот на сезоната во домашниот одбојкарски шампионат. Синоќа во првиот меч од третата рунда, без поголеми проблеми, шампионките славеа против екипата на Вардар со 3:0.
Со овој меч, практично, стартуваше новата рунда која ќе биде комплетирана денеска. Вечерва не очекува уште едно дерби, овој пат она градско дерби во Струмица меѓу екипите на Наковски Волеј и Струмица.
Денеска дерби има и во Скопје, каде Јанта волеј се среќава со Фит фан волеј, две екипи кои почнаа со по две победи во новата сезона.
Прва лига (жени), 3 .коло
Вардар жени – Работнички Скопје 0:3 (16:25 19:25, 16:25)
Јанта волеј КВ – Фит фан волеј (четврток, 16.30)
Наковски волеј – Струмица жени (четврток, 17.00)
Македонија Макс – Вардар ЕМ (четврток, 20.30)