Иако во Барселона дојде како спасител, сега клубот бара негов наследник. Се разбира дека се мисли на тренерот Чави Ернандез кој во овој изминат период како тренер на каталонците и не се прослави којзнае колку.
Токму затоа се погласни се најавите дека Чави многу брзо ќе добие отказ, посебно боли елиминацијата од следната фаза во Лигата на Шампионите.
И кога е така, а така, тогаш прв пик на Барса е Луис Енрике, сегашниот селектор на Шпанија кој по завршувањето на Мундијалот во Катар би тревбало да седне на клупата на каталонскиот гигант. И затоа Лапорта сега не му дава отказ на Чави, чека да заврши СП.
Инаку познато е дека Енрике веќе беше тренер на Барса со кого ја освои и Лигата на Шампионите, а за три сезони минати на “Камп Ноу“ освоени беа девет пехари.
Во случај работата да се изјалови со Луис Енрике, тогаш како потенцијални имиња се споменуваат Томас Тухел и Марсело Галјардо, екс стратегот на Ривер Плата.