Елиф се почести со ново Порше

16368

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас периодов не е во прв план на тренерот Лучијано Спалети. Ја нема минутажата која ја имаше од претходно и ќе мора за истата да се избори.

Од друга страна се останато во животот на нашиот репрезентативец  е на највисоко ниво, па и возниот парк кој од неодамна е побогат за уште едно прекрасно возило.

Елиф пред неколку дена е сопственик на Порше, за кое експозитурата во Наполи се погрижи нашиот репрезентативец да го добие со сите пропратни елементи. Нормално, неизбежна и фотографијата на социјалните мрежи со што салонот се пофали дека има елитни клиенти.

 

ПретходноКалин „гази“ во Грција, влезе во полуфиналето во Ираклион
СледноДејли Стар: Мбапе има нова девојка