Ако Чави добие отказ, Луис Енрике се враќа на “Камп Ноу“!

301

Иако во Барселона дојде како спасител, сега клубот бара негов наследник. Се разбира дека се мисли на тренерот Чави Ернандез кој во овој изминат период како тренер на каталонците и не се прослави којзнае колку.

Токму затоа се погласни се најавите дека Чави многу брзо ќе добие отказ, посебно боли елиминацијата од следната фаза во Лигата на Шампионите.

И кога е така, а така, тогаш прв пик на Барса е Луис Енрике, сегашниот селектор на Шпанија кој по завршувањето на Мундијалот во Катар би тревбало да седне на клупата на каталонскиот гигант. И затоа Лапорта сега не му дава отказ на Чави, чека да заврши СП.

Инаку познато е дека Енрике веќе беше тренер на Барса со кого ја освои и Лигата на Шампионите, а за три сезони минати на “Камп Ноу“ освоени беа девет пехари.

Во случај работата да се изјалови со Луис Енрике, тогаш како потенцијални имиња се споменуваат Томас Тухел и Марсело Галјардо, екс стратегот на Ривер Плата.

ПретходноМајорка и Еспањол одиграа без победник!
СледноВМФЛ: Дојде време Вардар да и се одмазди на Воска!