Албанската јавност денеска осамна со информација, дека македонскиот репрезентативец Арда Окан Курталан, членот на Адана е цел на нивната младинска репрезентација.
Албанија е подготвена да му даде пасош на офанзивецот и со тоа да ни го украде „пред нос“ што се вели, затоа што Македонија сеуште се бори со административните бариери за да Арда добие патна македонска исправа.
Спортмедиа пак дознава дека ФФМ веќе е на крај со процедурата за вадење на пасош за Арда и конечно оваа сага околу фудбалетот на Адана да заврши. Тој и за Спортмедиа неодамна изјави дека едвај чека да се заврши административната процедура и да добие патна исправа на Македонија, со што ќе има право на настап на официјални мечеви за нашата репрезентација.