Алегри: По паузата ќе „пееме“ друга песна

113

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри се надева дека тимот ќе реагира добро по елиминацијата од Лигата на шампионите. „Старата дама“ утре ќе игра со Лече во гости и ќе ја брка третата победа по ред во првенството.
Ни остануваат пет важни натпревари, четири во Серија А и еден во ЛШ. Треба да се фокусираме на тоа. По паузата (по Мундијалот), кога сите играчи ќе се вратат, ќе биде поинаку. Тогаш очекувам да бидеме многу подобри“, изјави Алегри.

Алегри потврди дека Влаховиќ и Локатели ќе го пропуштат мечот со Лече. Тој додаде дека Погба и Киеза ќе го пропуштат мечот со ПСЖ идната седмица и сигурно ќе ги нема на дербито со Интер на 6 ноември.
Поминаа само 11 кола, а бесмислено е да зборувам за „Скудетото“. Наполи прави прекрасни работи, истото важи и за Милан, Лацио, Интер и Рома. Ние заостануваме. Целта ни е да ја намалиме разликата. Пред нас е интересен меч. Лече освои бодови против Фиорентина и Салернитана, па се добро организирани и можат да бидат опасни од контри“, вели тренерот на Јувентус.

ПретходноШпанскиот Суперкуп во Ф4 формат ќе се одржува секој јануари до 2029 година
СледноРеал ќе си „лапне“ екстра пари од елиминацијата на Атлетико и Барса од ЛШ