Брондби ќе има богат сопственик, цели високо во Европа

241

Според информациите на поединечни светски медиуми американската групација Глобал Футбал Холдингс ќе го купи данскиот клуб Брондби. Тоа значи дека Американци ќе бидат сопственици на еден од најтрофејните дански клубови кои имаат цел да направат сериозен клуб кој од сезона во сезона се повеќе ќе се пробива на европската сцена.

Клубот од предградието на Копенхаген во својата историја играше и во ЛШ во 1999 година, а тоа е една од главните цели на новите газди. Тие ќе инвестираат во академијата, женската екипа како и младинската екипа. Развој на млади фудбалери како и уредување на стадионот кои ќе има капацитет од 35.000 места за седење и после „Паркен“ ќе биде вториот најголем стадион во Данска.

Со тоа Брондби би станал првиот скандинавски клуб чиј сопственици ќе бидат Американци. Нивната визија не е како арапските газди во другите европски клубови кои купуваат ѕвезди за многу пари, туку Брондби ќе се обиде да го „копира“ моделот на Ајакс, да со помош на добри скаути да носи од цел свет, но и да создава локални млади фудбалери кои подоцна ќе ги продава за јаки пари кои на клубот ќе му донесат заработувачка.

Инаку, Брондби 11 пати бил шампион на Данска и седум пати го освојувал Купот. На европската сцена најголемиот успех му е полуфинале на Купот на УЕФА во 1991 година.

ПретходноTwingo Cup викендов се вози на патеката Монца во Италија
СледноМихајло Мудрик: Украинската сензација од 100 милиони евра…Сити и Арсенал на готовс!