ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 3,284,819,00 РЕКОНСТРУИРАШЕ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО ЛИПКОВО

141

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува со амбициозниот проект за повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. По реконструираните ракометни игралишта во Свети Николе, Битола и Гевгелија, пуштено е во функција и мултифункционалното игралиште во Општина Липково.

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, со донација од 3,284,819,00 денари Видеолотарија го пушти во употреба и четвртото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Најновото реконструирано игралиште се наоѓа во ООУ Рилиндија, село Лојане, Општина Липково.

Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Следното мултифункционално игралиште чија реконструкција е во завршница, е во Охрид. На ваков начин, Видеолотарија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

ПретходноПред стартот на СП во Катар, се градат големи огради за да се сокријат сиромашните населби (ВИДЕО)
СледноЗаработува милиони, но не сака да им помогне на родителите кои можат да останат на улица!