Димитријевиќ е вистинско богатство, го разигруваше Уникс до нов убедлив триумф!

184

Трката за првото место на табелата во ВТБ-лигата продолжува помеѓу Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ и ЦСКА предводена од Емил Рајковиќ. И двата тима по шестото коло се без пораз.

Уникс Казан вечерва го совлада тимот МБА Москова со убедливи 81-97 благодарение на добрата игра во последната четвртина до која домашниот состав му парираше на гостинскиот тим.

Македонскиот репрезентативец и најдобар кошаркар и овој пат беше во стартната петорка на Уникс. Во игра мина 23 минути за кои постигна осум поени (0/1 за три, 4/6 за два поени), два скока и дури 12 асистенции.

Во следното коло, Уникс игра против Сатаров, шанса за нова победа и останување на врвот.

ПретходноЕте како треба: Чеде дели лекции на оние кои не можат ниту еднаш да победат во Хрватска!
СледноШокантно: ФИФА ќе го исфрли Тунис од СП во Катар!