Енрике го пречкрта Де Геа, со тројца нови голмани на СП

244

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа нема да оди на СП во Катар. Шпанскиот селектор Луис Енрике не го повика искусниот голман, а не го ни стави на списокот од 55 имиња од кои ќе бира за на Мундијалот.
Со таа одлука тој не изненади со оглед на тоа дека Де Геа нема играно за Шпанија од октомври 2020 година. Шпанскиот весник „АС“ објави дека очекува тројца голмани на репрезентацијата на СП во Катар да бидат Унаи Симон од Атлетик Билбао, Роберт Санчез од Брајтон и Давид Раја од Брентфорд.
Тоа значи дека ќе го нема ни Кепа од Челзи. Поточно тој ќе биде дел од „Планот Б“ доколку некои од споменатите тројца откаже. Исто така резервна опција за СП е и чуварот на мрежата на Хетафе Давид Сорија.

ПретходноФинале за каратистите Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски
СледноЕте како треба: Чеде дели лекции на оние кои не можат ниту еднаш да победат во Хрватска!