Супер Јаневски, супер Чеде Јаневски. Големо БРАВО за некогашниот екс – селектор и актуелен стратег на АЕЛ Лимасол. Македонецот вечерва во меч од 9.коло со својот тим како гостин успеа да слави победа, со 0:3, кај тимот на Акритас Члорака и со тоа да дојде до четвриот триумф во петтиот свој меч откако седна на клупата на АЕЛ Лимасол. Чеде од можни 15 бодови освои дури 13, просто е незапирлив и сега неговиот тим е на петтата позиција на табелата во шампионатот на Кипар, а беше на дното кога тој дојде. Но за 40 дена Чеде го дигна АЕЛ Лимасол од лузерски тим во тим кој што ќе се бори за излез во Европа.
Ете како требало. Со ова Чеде им дели лекции како треба на оние који во Хрватска веќе два месеци само губат, и губат, и губат…не можат ниту еднаш на својот тим, се разбира дека мислиме на Горица, да и донесат победа.