Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето од фјучерс турнирот во Ираклион, Грција, откако во четвртфиналето го совлада Јакуб Никод од Чешка.
Конечни 2:0, по сетови 6:4, 6:4, и со тоа обезбеди место во најдобрите четири на овој турнир.
Тој дефинитивно е во одлична форма во моментов што покажуваат и резултатите, а доколку се пласира во финалето и го освои овој турнир ќе го добие најголемиот дел од главната награда од 15.000 евра.