Пред почетокот на четвртото коло на официјалната страна на КФСМ излезе последниот билтен. И овој пат се покажа дека касата на нашата куќа на кошарката најчесто ја полнат навивачите. Речиси секое коло во билтенот на Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ има казни за клубовите на име неспортското навивање или фрлање на предмети на теренот. Па за третото коло 34.000 ќе легнат на сметка на КФСМ, 22.000 од нив треба да ги плати Работнички по градското дерби со МЗТ Скопје.
Казна за неспортско навивање ќе платат и МЗТ Скопје, Гостивар и Чаир пак за неспортско однесување на службени лица, што пак е честа појава во кошарката.