Лука Дончиќ моќно влезе во новата сезона во НБА-лига, најави дека може да биде сериозен кандидат за МВП титулата. Во победата на Далас над Бруклин по продолжение (129-125) запиша трипл-дабл, вкупно 47. во неговата кариера и тоа на само 23 години.
Словенецот зад своето име имаше 41 поен, 11 скока и 14 асистенции, на сето ова додаде три украдени топки. Ниту моќното трио Дурент – Ирвинг – Симонс не можеше да му парира.
Luka Dončić finished tonight’s game with 41 points, 11 rebounds, 14 assists and 3 steals.
per @Stathead, Dončić is the first player in @NBA history to record each of those minimums in a single game. pic.twitter.com/0LIQjxmLMg
— Mavs PR (@MavsPR) October 28, 2022
Дончиќ постави рекорд, никој пред него не успеал да дојде до ваков улинок, односно на трипл-даблот да додаде уште три украдени топки.