Позната авиокомпанија исмева Левандовски

238

Барселона втора година по ред го заврши натпреварувањето во Лигата на шампионите во групната фаза. Во групата во која се пласирани со Баерн, Интер и В. Плзен, Барса е трета во рангирањето, а таму ќе остане и по последното коло. Ова значи крај за неа во Лигата на шампионите и преселба во Лига Европа.

Еден од играчите од кои Барселона очекуваше многу оваа сезона е Роберт Левандовски. И додека полскиот напаѓач го прави своето, постигнувајќи пет гола на пет натпревари во Лигата на шампионите и 17 на вкупно 16 натпревари, Барселона не ги добива резултатите што ги посакуваше.

Токму Левандовски, кој пред почетокот на сезоната се пресели од Баерн во Барселона во трансфер вреден 45 милиони евра, се најде во центарот на шегата што Рајанер ја објави на Твитер. Во последното коло Баерн ја совлада Барселона на „Камп Ноу“ со 3:0, во меч во кој каталонскиот тим немаше ниту еден удар кон противничкиот гол за германскиот шампион.

Тоа беше шеста последователна победа на Баерн во натпреварите против Барселона. Во нив фудбалерите на Баерн забележаа гол разлика 22:4. Исто така, тоа беше 33-ти последователен натпревар на Баварците во групната фаза од Лигата на шампионите без пораз. Во таа серија има дури 30 победи, а рекордна е и нивната сегашна серија од 12 последователни победи во групната фаза од Лигата на шампионите.

Поради сето горенаведено, Рајанер на Твитер објави фотографија од авионска карта со името на Роберт Левандовски за летот меѓу Барселона и Минхен. Левандовски одигра осум сезони во Баерн. За тој клуб постигна 344 гола и 72 асистенции на 375 натпревари и освои се што беше можно, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

ПретходноЗаработува милиони, но не сака да им помогне на родителите кои можат да останат на улица!
СледноНа поправен против фаворитот Франција