Вардар 1961, очекувано дојде до осмата победа во исто толку одиграни натпревари. Актуелниот македонски првак имаше лесна задача, за противник го имаше Вардар Неготино, кого го совлада со убедливи 41-19.
Гостите го запишаа осмиот пораз во групата А, на оваа средба имаа блесок само во првата минута кога поведоа со 0-2, преостанатиот дел беше во боите на „црвено-црните“. Дојдоа до водство од 12-5, а потоа набрзина дојде на двоцифрени 17-7, на одморот резултатот беше 18-11.
Во продолжение не се промени ништо, гостите до 54 минута едвај постигнаа пет гола, Вардар без милост ја полнеше мрежата на противникот.
Јан Чувара со осум гола беше прв стрелец, по четири имаа Мишевски и Моралес, на другата страна Тошев, Ѓорѓев, Орешков и Митевски имаа по три гола.