Пред стартот на СП во Катар, се градат големи огради за да се сокријат сиромашните населби (ВИДЕО)

312

Во Катар се работи под полна пареа за да навреме се заврши со подготвките за Светското првенство, кои низ годините поминаа со бројни скандали. На прво место се правата на луѓето во оваа земја, поточно на работниците кои доаѓаат од сиромашните земји, чии плати и живот е доста мизерен.

Иако многумина протестираа против ваквите услови за работниците, на крајот ништо значајно не се смени, а таа приказна падна во втор план кога ЛГБТ+ популацијата го крена гласот и може да биде забрането да гледа натпревари во Катар поради строгиот закон кога е тоа во прашање.

Но, како што се наближува датумот на првиот натпревар во ова големо натпреварување, така во Катар пристигнуваат се повеќе луѓе, кои не го кријат ентузијазмот што речиси сите градови се модерно изградени и претставуваат многу поинаква слика од очекуваната.

Но, како што е случај во секој град на земјината топка, така е и во Катар, имено дека има делови од градот кои се значително посиромашни во кои претежно живеат бегалци, а разликата е веднаш видлива.

Овие делови од градовите домаќини на Мундијалот се во центарот на вниманието бидејќи на социјалните мрежи се појави видео кое остави без зборови многумина и покажа што се спремни да направат организаторите само за да го покажат „богатството“ на таа земја.

Имено, тие непосредно пред почетокот на Светското првенство градат привремени ѕидови во посиромашните населби за да не се видат воопшто тие трошни куќи и лошата состојба во тие населби. Целта на таа ограда е да се сокрие таа лоша слика и сиромашните населби од луѓето и екипите кои ќе поминат на тој начин.

 

ПретходноТен Хаг за Рналдо: Не се откажа, стигна наградата!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД 3,284,819,00 РЕКОНСТРУИРАШЕ МУЛТИФУНКЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО ЛИПКОВО